За Нас

Компанијата „Авто Мобил“ e прва специјализирана фирма за сервисирање и трговија со амортизери во Р.Македонија. Почна со работа во 1992 година, на самиот старт на транзицијата во Македонија, со тешки пазарни услови, ембарго и затворени канали за набавка на резервни делови и репроматеријали. Но, за кратко време „Авто Мобил“ успеа цврсто да застане на нозе, и надминувајќи ги тешкотиите, прерасна во респектабилна фирма и лидер во трговијата и сервисирањето на амортизерите во Македонија. Како резултат на успешното работење, „Авто Мобил“ во 1993 година стана овластен сервис и дилер на еден од најголемите производители на амортизери во светот „MONROE“. Со тоа фирмата се здоби со поголема репутација, и го оформи својот имиџ на успешна фирма во годините што следуваат.1 - za-nas-300

  Почетокот на Ноември 2003 г. „Авто Мобил“ продолжи со работа во нов објект, лоциран веднаш зад бензинската пумпа во Бутел 1 во Скопје. Новиот објект е граден според современите стандарди за   дијагностицирање и поправка. Тој се состои од:

– Сервисен простор со три работни места за брза интервенција со вкупна површина од 130м2;

– Посебен погон за репарирање со исто толку работни места  со  посебен уред – пробница за ригорозна контрола на квалитетот на извршената репаратура;

– Магацински простор за нови и репарирани амортизери.

   Во Авто-Мобил остануваат стручноста и високиот квалитет на извршените поправки како и љубезноста и високата професионалност. За да биде во чекор со времето и да одговори на барањата на своите клиенти, Авто Мобил инсталираше и специјална пробница (тестер) за амортизери, која прецизно (во проценти) ја мери истрошеноста на амортизерите и точно утврдува кои од нив треба да се заменат. Освен тестерот, набавивме линија за гасно полнење на репарираните амортизери. Со тоа квалитетот и перформансите на репарираните амортизери се речиси идентични со новите амортизери на што укажува и истата гаранција од 3 години.

   Од почетокот на април 2013 година Авто-Мобил отвори уште еден сервис во населбата Аеродром, позади Супер Тинекс во кругот на Раде Кончар. Со тоа успеа да одговори на потребите на своите клиенти да одберат каде ќе го сервисираат своето возило според местото на живеење. Авто-Мобил потврди дека е сериозна компанија која ги следи желбите и барањата на своите коминтенти.

Денес Авто Мобил е овластен сервис и дилер на еден од најголемите производители на амортизери од истокот „NBNF”. Со овој потег успеа да одговори на новите услови на пазарот и да понуди амортизери со одличен квалитет за одлична цена. Авто-Мобил претставува идеална спрега помеѓу старото и новото, што е резултат на потребите и растежот на овој реномиран сервис.

СОРАБОТНИЦИ

Call Now Button